АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК

Почитувани,

Овој прашалник има за цел да ги покаже социјалното заемодејствие и психологијата на насмевката и да овозможи да направи социјално-психолошка анализа на моќта на насмевката – тема на научен труд со која се занимавам повеќе години. Тоа би требало да биде солидна основа за креирање и дизајнирање на насмевката, при што визиите и надежите или комплексите и фрустрациите на пациентот, искажани во овој прашалник, ќе бидат анализирани, простудирани и ефектуирани преку модерните техники за дизајнирање на насмевката во естетската стоматологија.

Во денешно време сме бомбардирани од информации кои доаѓаат од разни страни и мора јасно да се направи разлика меѓу тоа што претставува доктор на стоматологија, а што естетски стоматолог, бидејќи не е сеедно кој ќе ја креира Вашата насмевка. Насмевката не е збир само на протетски параметри кои, разбирливо, се потребни при анализата и изработката, туку опфаќа и други полиња, како: уметност, филозофија, антропологија, социологија, а посебно психологија која, преку насмевката како најдоминантна форма на лицева експресија, прави или да ја искажете Вашата душа или да ја прикриете. Исто така, социјалната интеракција преку лицеви експресии или гестикулации отсекогаш била форма за меѓучовечка комуникација. Оттука, насмевката е Вашиот белег и билет за иднината. Колку повеќе сте доминантни со насмевката, толку повеќе ќе бидете среќни и успешни.

Би Ве замолил да одвоите малку време и да го пополните прашалникот. Направен е во групи и опфаќа прашања од стоматолошка самодоверба, социјално влијание, психолошко влијание и естетска загриженост. Вашите лични податоци се заштитени и нема да бидат јавно објавени, а одговорите ќе бидат употребени како основа за анализа и предмет на истражување за мојата докторска дисертација.

Со почит и благодарност,

Прим. д-р Томе Тасевски / MBA

СТОМАТОЛОШКА САМОДОВЕРБА

1. Горд сум на моите заби
ДАНЕ
2. Љубам да ги покажувам моите заби кога се смеам
ДАНЕ
3. Задоволен сум кога ги гледам моите заби на огледало
ДАНЕ
4. Моите заби се привлечни за другите
ДАНЕ
5. Задоволен сум со изгледот на моите заби
ДАНЕ
6. Позицијата на моите заби ја гледам како многу убава
ДАНЕ

СОЦИОЛОШКО ВЛИЈАНИЕ

7. Се снебивам кога се смеам така што забите да не се покажат многу
ДАНЕ
8. Доколку не ги познавам добро луѓето понекогаш сум загрижен што тие би помислиле за моите заби
ДАНЕ
9. Кога се смеам се плашам од тоа другите луѓе да немаат навредливи коментари во врска со моите заби
ДАНЕ
10. Некако сум затворен/a со социјалните контакти поради моите заби
ДАНЕ
11. Понекогаш се наоѓам во ситуација да ја ставам раката и да ја скријам насмевката и да не ги покажам моите заби
ДАНЕ
12. Понекогаш помислувам дека луѓето зјапат во моите заби
ДАНЕ
13. Ми сметаат коментари поврзани со моите заби дури и кога се шега
ДАНЕ
14. Понекогаш сум загрижен/а од тоа што луѓето од спротивниот пол мислат за моите заби
ДАНЕ

ПСИХОЛОШКО ВЛИЈАНИЕ

15. Им завидувам на луѓето со убави заби
ДАНЕ
16. Понекогаш сум стресен/а од тоа кога ги гледам забите на другите луѓе
ДАНЕ
17. Мислам дека повеќето луѓе имаат поубави заби од моите
ДАНЕ
18. Не се чувствувам добро од изгледот на моите заби
ДАНЕ
19. Посакувам моите заби да изгледаат прекрасно
ДАНЕ

ЕСТЕТСКА ЗАГРИЖЕНОСТ

20. Не сакам да ги гледам моите заби во огледало
ДАНЕ
21. Не сакам да ги гледам моите заби на фотографии
ДАНЕ
22. Не сакам да ги гледам моите заби кога се гледам на видео
ДАНЕ
Ве молам да го пополнете Прашалникот
23. Како би ја оцениле Вашата насмевка?
24. Дали сакате да имате посветли заби?
ДАНЕРамнодушно
25. Во однос на должината на забите, дали чувствувате дека забите се:
Премногу долгиПремногу краткиКолку што треба
26. Дали сакате да имате посветли заби?
Премногу се видливиНедоволно видливиКолку што треба
27. Дали сакате да го промените аголот или позицијата (коси или ротирани) на некои од забите?
ДАНЕ
28. Имате ли дамка или обојување што сакате да го отстраните?
ДАНЕ
29. Колку Ви се покажува гингивата кога се насмевнувате?
ДАНЕ
30. Дали мислите дека гингивата околу забите е симетрична?
ДАНЕ
31. Дали имате видливи темни линии под коронката?
ДАНЕ
32. Дали имате поцрвенета или воспалена гингива околу коронката или пломбата?
ДАНЕ
33. Дали сте загрижени од абење или поткршување на предните заби?
Многу загрижен/аУмерено загрижен/аНезагрижен/а
34. Дали имате темни простори или триаголници меѓу предните заби?
ДАНЕ
35. Дали Ви пречат (не)видливите метални пломби кога се насмевнувате?
ДАНЕ
36. Дали имате чувствителни заби поради рецесија на гингивата или дисколорација на забите на линија на гингивата видливи кога се насмевнувате?
ДАНЕ
37. Доколку можете да направите било какви промени во вашата насмевка, какви промени би направиле?
38. Дали би сакале да закажете преглед за проценка на Вашата насмевка?
ДАНЕ